среда, 29 јуни 2011

Убиство, протести и пропаганда , кој добива а кој губи ?

Сакам да останам доследен до моето мото веке 10 години познато мото... да зборуваме со факти ! Ке го позајмам насловот од еден наш весник од една стара новинарка кој вели - “Пропагандно гестапо ја тресе Mакедонија”. Добар наслов кој дефиниитвно одговара за се! Им прилега на сите а ако е така тогаш ние сериозно имаме проблем со вистината !?
Скопксите улици потсетуваат на историките студентски протести од 1968. Поминав во петокот, од блиску да почуствувам за да ја скокнам проагандата бидејки се нема точна , од друга , сега диелмата зошто се на улица. .
Во 1968 та студентите за нивните барања се користеше мотото “Бидете реални - барајте го невозможното” , позајмено од манифестот на надреализмот на Бретон. Прашањето е дали и денеска сега се бара невозможното повтроно толкувајки го секој на свој начин
За сега имаме мирни протести, урбани, не навиввачки и дилемата каде е дефектот.?
Дали дефектот на оваа општество се изјавите на политичките маргиналци кои случајно во оваа време поитаа политички да профитираат?
-дали дефектото не е во тоа што оној тетовираниот како стока удирал, сигурен сум дека кога го удирал Мартин не мислел да го убие ама знам дека сакал да се покаже пред партијците кои ги обезбедувал дека заслужува да биде обезбедување на партиксиот и државен врв !?
...и најнакрај дефектот на специалецот Спасов е минорен иако е убиство за тоа има казна суд, ама е страшен Дефект до колку некој се обиде да не измами дека еден човечки живот нема никаква вредност,и да се каже дека секогаш имало полициска бруталност !??
Страшно е ако и дел од полицијата, е багра криминалци во униформа за која насилството е закон а законот се применува за Мартин и нас останатите.
И суштината што треба да се докаже , дали некој во полицијата сакаше да го скрие или само некои мангупи во униформа,
Треба да се знае дали навистина и некои вмровци на своја рака, не партискиот врв или тие го убедувале семејството да не дава изјави
-- Кој го организра гестапо да спинува и (дез)информира?
Е тоа се одговорите кои недостасуваат а не дека силеџијата е затворен !
Тој пак ке речам сигурно не убил сакајки, со намера, ама убиство на демократијата е ако сите останати сакаат да ја убијат вистината со чиста совест и намера. Е дури тогаш по овие одговри ке знаеме дали виситнски ни се потребни протести и пред чии порти!

Магазин НИЕ... 12.06 2011.

2 коментари:

  1. epa zatoa od togas te nema

    ReplyDelete
  2. KOGA NIE...????

    ReplyDelete