недела, 28 ноември 2010

НИЕ *упад во А1*

Поради технички причини, на одделот за продукција  и играна програма, денеска ТВ Сител го откажа емитувањето на  закажаната емисија “УПАД ВО А1“. Одговорно лице за продукциска и играна програма на ТВ Сител, З. Додевски!

недела, 21 ноември 2010

Ма какво ЗНМ?

сабота, 20 ноември 2010

Криминал + закон = законски криминал

Власта, јавната администрација, политичките фронтмени, невладини, општинари и разни јавни отпушоци, рикнаа- ова е Ден на дрвото!  Засади ја својата иднина!  И сите министри се растрчаа по околните ридови, се зацапаа во кал до колена, се сликаа и си заминаа задоволни дека имаат иднина. Само преседателот Иванов на Денот на дрво го пратија во Лисабон. А добар дел отидоа  на истите места каде што беа и лани. Чудно!? Некако од едно до друго сликање и садење, не им  растат, не им се фаќа иднината- каде е утката, до расадот  ли е!

Јован Вранишковски, несудениот српски Архиепископ, и со мантија и со томос, ама го препознале дека е криминалец. Бугарите го уапсија. Нашите  требаше веднаш да го бараат, ама чекавме и Србите да се активираат. И сега ќе си ги мериме, и ќе треба и пред Бугарите да се покажеме или да ги молиме, па потоа Србите, и нај на крај, најверојатно, ќе се случи грчка работа, ќе не зашамараат онака добрососедски. Закон е закон, ама интересите и србски и грчки и бугарски се вечни.

Лисабон денеска. Не, не мислев на кафеаната во Лисиче каде што Благица Павловска скокаше по маси, каде што се беше запотено, турбо село весело, пијачи, пејачки и дојч марки меѓу цицки. Мислам на финиот Лисабон и на самитот на НАТО од вчера. Џоле Иванов, пак, носи куп новинари со себе, а нема што да се јави оттаму. Што ќе кажат не не примаат ама не поддржуваат да праќаме војници, вратата е отворена, ама столче не ни даваат. Кој е крив? Се прашува ли некој каде грешиме или така сакаме. Кој прв почна м м е.

Интернационален ден на студентите во светот, па и во Македонија. Во Атина државата организираше над 7000 полицајци за да спречат немири и ги затворија студентите во градот, блокираа улици од страв да не се случи насилие и студентски отпор и протест. Во наша Македонија, им ги укинаа кредитите, професорите им продаваат едни исти книги укоричени и поделени во неколку изданија, им наплаќаат се и сешто, а студентските домови имаат само по еден среден  павиљон, другото е мизерија, и си молчат. Во Атина 7000 полицајци,  во Скопје ниту 7 студенти. А тоа организацијата којашто им наплаќа само членарина и би требало да ги организира  им се обрати со соопштение- ЧЕСТИТ ДЕН! Ете во тоа е разликата.

Уште една победа за Македнија, во графата на регистарот за Македонија во ОН сега стои за јазикот македонски. Нема празно место, нема ФИРОМ, туку стои чисто македонски. Е сега, дали е чекор напред или од готово вересија, или скок во место, се изборивме за  тоа што отсекогаш сме го имале  видете- проценете-големи сте. Ама убаво звучи уште една победа!
  
Во Парламентот македонски, пратениците конечно се фатија за суштинска работа. На тема попис и како  и кога ќе се попишуваме, пратениците од власта  и опозицијата фатија клучна полемика. Едниот вели -Овде нешто смрди, има силна реа, да се проветриме малку не ќе е лошо, а другите одоговараат -Не знам што ви мириса, како тоа мириса, секој нека си толкува како сака, тоа е демократија. И веројатно, и тоа е, ама премногу задушливо станува.

Продолжи доставата на кодошките досиеја до лустратотите. Сега за Ибар- Вихор или лидерот на ДУИ. Веќе никој не се потресува. Кодошите можат да здивнат, сега тоа веќе не е страшно. Од цела држава само еден случај судски спроведен и тоа за уставен судија. Па доста е! Може да се каже дека успешно е завршена лустрацијата во Македонија.

Некои медиуми го обвинија Мобимак дека незаконски наплаќал за услугата говорна пошта од секој корисик и притоа заработил речиси милион евра. Државата го констатирала тоа и го казнила со тоа што му ги земале парите и ќе ги стават во државниот буџет. И сега не знам што мене како корисник ми менува информацијата дека ме краделе- па тоа го знаеме сите, прашањето е дали ќе ми ги вратат украдените пари-  или пак ќе останат украдени, само сега од државата.

понеделник, 15 ноември 2010

Каков ли ЕУ извештај?

Криви и кривични


Неделава Управниот суд го осуди екс претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.  И тие тврдат дека бил сорабтник. Ламбе го крстија. Сега  судијата  има право да ја повтори постапката пред Врховниот суд, а не како што некои  велат „нека ја обори на Уставниот“- тоа е. Некогаш сите ние сме од онаа, некогаш од оваа страна,  некогаш судиме, некогаш не судат, овојпат, иако само на еден човек, судството му  пресуди на судијата- е затоа  се потребни стандарди и непристраснот.

ИНИЦИЈАТИВА ЗА КРИВИЧНА ЗА ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Бранко Црвенковски. Ќе го јаде, најверојатно некој од Кабинетот и од службите, Бранко никад не е крив, ама по Бучковски  ова е втор случај, макар закана со апсење,  за  висок функционер. И што е уште поинтересно Антикорупциска  ја понуди, Обвинителството ја прифати, а експертите се скрија никој не сака да го брани Црвенковски... Од толку многу правници, кривичари, толкав Правен  факултет, за којшто велеа дека најмногу има комуњари- никој жив да пушти глас.  Кривична пријава за Црвенковски е голема работа,  уште поголема што тоа е за претседателот  на државата, и најголема што неговите се скрија. Не го оставајте сам!

Оваа недела се потресовме дека турбо фолкот  ќе ни биде и добро утро, и ден, и ноќ преку српската Пинк телевизија којшто ја купила Алфа телевизија. Се слушна дека  Србите ја купиле, па се пишманиле. Не знам како, но ако се согласиме дека медиумите или тв се стап за тепање, манипулација,  дезинформации и информации, тогаш  државата треба да размислува кому законски му го дава степот за тепање народ. Или не секогаш се може да се купи со пари, нешто се купува и со многу пари, а таму не се битни државните интереси.
  
За достоинството. Стојанчо Ангелов стана познат кога во 2001 година како командат на тигрите беше изрешетан  во битката кај Арачиново од тогашните борци на ОНА. По низа операции и 80 насто инвалидитет, преживеа и  како воен инвалид го вработија во МВР, како некаков долг спрема бранителите и храбрите патриоти. Потоа го направи здружението Достоинство, почна  да пркоси за членството,  да поставува барања и да организира протести пред Владата. Деновиве се жали дека неговите колеги од организиран кримал му ја одзеле здравствената документација да го проверат дали навистина е болен.  Дали навистина се проблем боледувањата на Ангелов за МВР или е проблем што тој пркоси со воениот инвалидите, ама ако треба да се компарира за досиеата со Белград за инвалидитетот можат да ги прашаат коалиционите партнери од ДУИ, па тие знаат во кого пукале кај Арачиново.

Извештајот од Брисел  ја дигна на нозе Македонија. А нема зошто да се дразниме, тоа е само за кондиција- менувањето на името е најважно. Кога, тогаш- е тогаш ќе бидат и преговорите со ЕУ.

Црвен тепих, или по нашки килим, за студентите, пензионерите и  сите  граѓани пред Владата за влез во Владата. Портпаролот вели ова е вистински начин  да покажеме дека Владата е отворена за своите граѓани, па, ја видоа  салата за седници, Кабинетот на премиерот, а некои и му седнале на столчето. Не е страшно само еден ден во годината е,  а еден како ниеден.

понеделник, 08 ноември 2010

Има ли надеж?

Неделава Македонија остана без државниот врв, гракнаа медиумите. Без паника, не е поради бомбите во Aтина, таму се се тресе, нашите мува не ги лази, не се ни во апсаана, само на шетање. Се жалат дека сите во исто време фатиле в туѓина и премиеорт и претседателот и спикерот. Ама нема штета, зошто се бунат, еве ќе се вратат, па што? 

Сите го чекаат извештајот од Брисел. Европарадерите во државава пред секој извештај драмат, се закануваат колку ќе бил негативен, а оние од сепот како сопнати нешто се бранат, не, ќе бил позитивен. Не ја разбирам приказнава, на кого му е битен извештајот од Брисел. Па, тие не не пуштаат во ЕУ, ни велат сменето го името, ние велиме тоа е светски преседан и тие потоа ни велат дека не е само тоа, оти имаме фалинки и за други работи. ЕУ ја поддржува Грција, играта ја прифаќа и НАТО, секоја изјава од Брисел е сменето го името, а ние се дразниме, каков ќе биде извештајот! А што велите, ако го смениме името ќе добиме ли позитивен? 

Надеж и Бранко Црвенковски,  НЕ ми се врзува никако. А парите си легнале- една страна за 3000 евра, а такви глупости може кој било од новинарите овде да ви напише, дури и за 30 евра цела студија. И уште побетер типот вели: ...“и повеќе да имаше сите ќе ги потрошев“. Па, го знаеме тоа БЦ, затоа си таму кај што си. Но, ако сакаш да поможиш земи си пензијата и остај ги луѓето да го дигнат СДСМ. На секоја демократија, власт и треба опозиција, ти не си тоа, а Груевски вака со тебе вечно ќе владее... нема надеж! 

Фудбал, кошарка, ги укинаа преносите по ТВ и се вративме на вандализмот. Ние сме најдобри кога гледаме и кога се празниме пред телевизорот. Евентуално, во берберница или пред продавница. Дајте им преноси, глеј те серии со жените, или пак, дајте ги сите тепачи да играат во Скопје, ем ќе заштедат за скршените прозорци и автомобили по другите градови, ем градскиот стадион ќе го оправда името Арена. Барем и онака фудбал и победа на него не видовме, нека се дотепаат и Балисти и шверцери и комити и војводи. 

Ујдисан до Ставрета, Калеников вели: “Да Ви ја раскажам Снежана и седумте џуџиња“, а поранешниот Бранков пајташ Зоре како демек попаметен како Ванѓа го сече и вика не нејќеш ти, он само инженер е, мислиш е Англичанец, па така се зборува со полуписмен македонски. А темата е лихварските камати на банките и спрегите. Или стеги со НБМ. Гошев го затепа- секој има право на своја глупост. Сега приказната не било така. Тогаш, нека ја раскажуваат приказната пишман аџија, а тоа за лихварските камати не знам кој е крив, ама такви се.

Кодошките досиеја се на пауза. Се расипал принетерот во Белград и рипнала цената за купување досиеја. Во меѓувреме само Трендафил го судат, нема кој на човекот да му прати пусулче од МВР. Пратениците и ДУИ се изборија, Владата обзнани, помина на централен, досиејата се фалсификат. Епа Тренадифиле,  не си бил просрпски и не си работел за КОС, и не си бил за Југославија, ти си бил Македонист! Млади години, ама кој ти е крив! 

Пушат сите дефинитивно. По кафеани, по канцеларии, во институции, во болници, во Парламент, во Влада, пушат во медиуми. Веројатно, се ближат избори?!