вторник, 29 јуни 2010
сабота, 26 јуни 2010
понеделник, 21 јуни 2010
среда, 09 јуни 2010
Од каде сме и до каде сме?
Стечајците и оваа недела го блокираа Скопје. Полицијата си дремеше од страна и си гледаше, сеир не регулираше. Направија хаос во сообраќајот. Возачите и граѓаните кои не штрајкуваат нервозно им се спротиставија на стечајците, упатувајќи ги да го блокираат Груевски, да влезат во Парламентот, а не да го блокираат народот, кој ги поддржува и има среќа да работи за плата. Во таа нервоза некој извадил и нож, сакал да се пресмета со штрајкувачите. Е тогаш дојде полицијата и ги собра. Значи само кога ќе дојде нож до коска ќе се реагира. Во меѓувреме, владата на Груевски повторно се задолжи, тие не можат без пари... ним пари им требаат!!!
Се навршуваат 8 години како партијата ДУИ се трансформира во војска на ОНА. Не, не, ОНА во ДУИ, војници во политичари. Сега велат имало повторно слободни територии, ама и немало, имало терористи и бункери со оружје, ама и немало, и се така... Имаме Парламент за контрола на владата, ама и немаме, колаиција со исти интереси за владеење, ама и немало, имаме и држава, меѓунардно призната, и сакаме во НАТО и ЕУ... Ама не, немаме!
Конечно во Македонија ќе се чистат каналите на пролет, а не во зима. По 20 години се сетија дека за подземните води и поплавите треба да се реагира на време. Механизацијата е на терен, само да има за нафта и да не застанат- добар потег на локалната и централната власт.
Парламентот носи закони, ама за кого и какви?!? Парламентот стана чудна инститиуција! Еве, законот и малите етнички заедници, Албанците како големи демократи, нели, загарантираните пратенички места ги сфаќаат само како загарантиран бадентер, само за Албанците и толку... за други не им е гајле. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ гледаат пак само преку својот популизам и функционалност. Малите се мали и не можат да направат ништо, а се тоа всушност ја дава сликата на нашиот системски или политички капацитет, или партиски примитивизам. А позната е старата- не го прави тоа што не сакаш тебе да ти го прават, или- луѓе, не профитери, го прават демократскиот амбиент.
Во Словенија почина наш работник затоа што немал пари да плати за преглед. Му недостасувале 20 евра, до стоте за преглед. Сега Словенечката медиумска и политичка јавност има јака тема за дебата. Јас сега сфатив што значело суров капитализам, тоа, што ми го раскажуваше одамна пензионираната професорка по марксизам.
На Брисел му се брза за ЕУ и НАТО. Ако некој мислеше... ние бараме влез, а не тие... ако некој ги измеша лончињата. Талер или малер, кој е Фуле, а кој муле не знам, но добро е што секнаа парите за античка Македонија, пардон за новите археолошки ископувања. Белким тоа ќе ја олесни во иднина нашата позиција, освен ако не не затепаат со фонтаната и со мечот на Александар на сред плоштад.
Македонскиот народ не е ниту варијација на Српскиот, ниту пројугословенски народ, уште помалку експозитура на Владата во Софија. Не крадеме туѓа историја, а македонското прашање не е идеолошка коминтерновска конструкција. Најмалку народот, граѓаните, гласаат за ВМРО ДПМНЕ како за Бугарска партија. Натаму, ниту Македонците ќе станат Словени заради Глигоров, ниту Бугари заради Георгиевски. А тој, Љубчо Георгиевски зад решетки, и не заради Бугарскиот врховизам, туку заради велепредавството во 2001! Се ова го пишува сега, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Тодор Петров. А, нели заедно бевте и претседател ви беше? Сега ли дознавте за бугараштвото, или што, на што мислите за велепредавството во 2001?
Ма, Боб Дилан пееше во Скопје. Дојде, испеа, замина, ни здраво не ни кажа. Сега го чекаме Били Ајдол со свирка на отоворено. Како, така, барем вака да се почувствуваме дека сме дел од Европа.
За македонското новинарство
На тема професионално новинарство во Македонија, за магазин НИЕ... говорат Славица Арсова и Васко Попетревски
Subscribe to:
Posts (Atom)

