понеделник, 31 мај 2010
Ние ја немаме силата!
Бранко ќе ми збори за економија, замислете Бранко економија!??... еј Бранко... па, економија - ха ха ха ха (сите се смееат), а потоа еруптивно се слуша апалуз! Не, не е тетеарски текст, нема драма, ниту пак некој во сон блада- тоа го рече премиерот Груевски и се фати за глава.
Корумпирани, неписмени, подмитливи, професори со фалсификувани дипломи, докторати, 10 - ки за евра и Студентски сојуз во сојуз со партии и влади - е тоа е сила, тоа е моќ! - а образованието е култура на живеење, бре луѓе.
Семејствто Кулески ќе ги суделе за неодговорност затоа што им се запали детето. Тоа е она семејството од прлилепска Штавица кое живее во беда, само од својот труд, без никаква помош од државата. А кој да ја суди државата за негрижа кон својот народ за цели генерации кои немаат ни ден стаж, без пензии, за транзицијата, за искрадени фабрики за коишто издвојуваа од свои плати?! Државата го има системот, медиумите, а тие денес секогаш ќе ти покажат на народот - на Кулески.
Грабежите не се повеќе како на филм, него станаа реалност. Премиеирот тврди дека МВР е успешна. Овие криминалците бркаат и пукаат со калаши по автопат. А народот си глеа ли глеа филмови за љубов, за 1001 ноќ, за убавини. Се плашам ако ова е под контрола, како ли ќе изгледа кога нема да биде оваа јавната безбедност успешна?
Зоран Талер е легенда. Иако се римува Талер со МАЛЕР, ние сепак не сме имале толкав пријател кој се обидува да ги амортизира нашиот страв и тврдоглавост. Ама ќе се согласам и јас на се, ако се тоа го потпишат задно на исто место со Бан Ки Мун, Клинтон, Ештон, Саркози, Меркел, Филе, и ако на нив ги придодадеме нашите балканци Бугари, Албанци, Срби и секако Грци. Тогаш можеме да бидемне спокојни дека Европа не е дволична за идентитеот. Името и онака е веќе договорено!
Сите работат за новиот кул(т) Груевски. Неговите главни конкуренти сами се попрскаа со пепел, Љубе Бошковски го натиснаа со Харадинај и албанските лобисити за негово ослободување, Филип го издаде као земале пари, Љубчо се дотепа сам со признаието дека е македоснки Блгарин, а останатите вмровци биле уствари шешељовци, Срби со говорна мана. Керим, пак, му направи анкета дека народот се дели и името не го дава, ДУИ тргнаа да прават криза, па, Рикер им рече сега не е моментот, а тој си сврика и бира термин за покана за НАТО. Бранко може само да пати, му се наместија патките сеа само ги пука!
„Евровизија 2010“: се покажа уште еднаш колку ние Македонците сме малограѓани и тоа самоуништувачки настроени. Никој никого не поддржува, сите знаат што не чини, а никој не знае да направи. Перверзијата е што се само се критикува! Се сеќавате ли и Тоше колку целата таа булумента го плукаше, не сакаа дури ни песна да му напишат, а потоа сите се сликаа како плачат и како го сакаат. А кој да те почитува кога сам не се почитуваш? Тоа мора да го научат, да го знаат петпарачките критичари. Тоа е патротизам, ниво, се останато е фрустрација. Дечкото профи си отпеа, без замерка, ама ние ја немаме силата.
Плати нема во образование, во судство, поротници на бунт, стечајци дремат пред влада, а велат нема криза. Груевски оваа недела го збрчи новиот багер во Суводол. Се разбира, сите се сликаа. Вели тоа е во функција на енергетска стабилност, а од друга страна ЕВН бричи, си праќа сметка до сметка, за пола, за утре, за завчера, никој не зае кој пие, само се знае кој плаќа. А народот, велат, бил задоволен и пак ќе гласал. Така велат анкетите.
Противпожарното возило не можеше да влезе да гасне пожар во ГТЦ заради погрешно паркирани коли на влезот. Ме интретесира каде беше пајак - службата? Веројатно одговорот ќе биде никој од нив не побарал асистенција, како полициајците што велат кога криминалците ќе избегаат по редовните грабежи. А кога ќе застанете на 15 минути да купите цигари колата веќе ви ја однеле. Се прашувам тоа институциите државни, работат за или против граѓаните?
Со почит, за Гане Тодоровски, за фуснота без повод. Замина поетот. Остана неодоговорено прашањето… Ој Макдонија, колку ли уште ни треба за да те домакедончиме?!
петок, 28 мај 2010
сабота, 22 мај 2010
За татковината се работи
Хаг: на Јохан Тарчуловски му е потврдена казната 12 години. Таму се летнаа пола влада, пратеници, министри, новинари и луѓе за врескање. Со цел памет отидоа за поддршка и притисок врз Хашкиот Трибунал. Па, Хаг бре луѓе не е апелација во Скопје, па како кога СДСМ се собра да прави притисок за судењето на Бучковски. Штета кога ВМРОвци заличуваат на комуњари, ми вели еден сосед. Штета... А правдата и правото, е тоа никогаш не одело заедно. Тоа е познато. Сега само останува дилемата кој е победник и поразен, кој е терорист, агресор, а кој бранител во македонско- албанската 2001?!
Пападополу, убавата Гркинка, тукашна амбасадорка, се потепа да каже дека Грција е безбедна, ама не скала да пукаат бомби !? И, вели, дека тие биле демократи со демократска традиција на протести, да не се плашиме. Е ако палењето коли, убиени луѓе, демолирања и полициски пресметки, ако се тоа е демократија, тогаш работава со името навистина ни е како слон во стакларска работилница. Само кој е слонот, а кој стакларот?
Сали Бериша, Албанскиот, што претседател, што премиер, ја откажа посетата на Македонија. Вели пребукирана му била агендата и не знае ни кога другпат ќе дојде. Бериша, како албански лидер, секогаш од Тирана сакал директно да се меша во внатрешните работи на Македонија. И не мора да дојде....не фали!
Во пратеничката група на ВМРО почнаа да се дистанцираат големите и малите. Дали предизборно, или поради нешто друго, но Трајанов и Поповска се дистанцирале од пратеничката група на Бонева, а пак Вељановски на следниот самит на НАТО во Литванија го избришал од список пратеникот Павле Трајанов, а ги пратил само СДСМ и ДУИ... Чудно! Почна ли тоа пребројувањето, дисциплинските мерки, или навистина изборите ќе ни се случат летово???
Знаењето е сила, знаењето е моќ! Толку компјутери се купија, толку учебници, а резултатот е 18 500 ученици ќе си полагаат матура, натаму, слаби оценки на учениците и уште послаби на наставниците. Каде грешиме? Да не е проблемот што најмногу пари сепак во образованието се фрлија во спортските сали и игралишта? А тоа, меѓу нас кажано, не е моќ ,туку улица!
Полицијата клоцаше, тепаше, луѓе во струмичко- протестанти кои не даваа да им се урне објект. Го клоцаа, го тркалаа работникот... Молк... Страшно!
Новинарството отиде во неповрат. Сите сакаат да се скријат зад новинарската книшка, дали на ЗНМ, или на кој било друг. Се напикаа газди, удавачи, измамници, провинцијалци, криминалци, профитери, рекетари, исфрустрирани, недокажани персони, фуфли со длабоко деколте, кратки сукњички и краток памет... се отворија куп високи школи за новинарство, а нивото се пониско и пониско... Се е денеска новинарство, а информации нема. Да ги прочистиме редовите!!! Во име на новинарството се разбира.
Банкрот грчка! Грција била во сериозна криза, биле за никаде, а цела Европа им фрла милијарди евра за да им го покрие минусот. А ние... ние замислете сме биле фини, некако во континуитет, така предизборно сме запнале дека не сме во криза, дека пари си имаме и дека ниту светската, ниту грчката криза, не не допираат. А да се сети некој да признае дека сме баш во криза, па и дека грчката влијае на нашите фирми, па да побараме и ние некоја милијарда?! Едно признание и еве две милијарди! Па едната нека оди за реклами на проекти, барем другата да ја вложиме во народот. Ма, за татковината се работи!
вторник, 18 мај 2010
вторник, 11 мај 2010
петок, 07 мај 2010
За македонските работи
Македонско претседавање или претседателствување е конечно и дефинитивно. Не ми е јасно зошто, на ниту една победа, не умееме вистински да и се израдуваме. Сите кои бараат сомнеж нека погледнат на сајтот на Советот на Европа, и таму пишува така. Македоноско... конечно, првпат, не само ФИРОМ.

