понеделник, 26 април 2010

сабота, 24 април 2010

Груевски за името... во НИЕ...

"До колку биде ставен предлогот СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЗА СЕВКУПНА УПОТРЕБА, и официјално тој предлог биде доставен од преговарачот Нимиц, ЈАС ТОЈ ПРЕДЛОГ ќе го ставам пред граѓаните на референдумско изјаснување. А, доколку ве интересира мојот личен став, јас ќе гласам против"- изјави премиерот Никола Груевски за утрешното издание на магазинот НИЕ... со Драган Антоновски.

Повеќе одговори и ставови на премиерот Груевски за приватизацијата, декриминализацијата, судството, економијата во магазин НИЕ... во недела во 16,00 часот, на програмата на ТВ Сител.



вторник, 20 април 2010

понеделник, 12 април 2010

Бугарски нужник!

Лидерската средба беше и помина. Само на крајот се трткаа 15 минути кој последен да излезе пред медиумите да резимира по сите и да испадне најпаметен. За суштината и нема ништо ново- никој ништо од никого не прифаќа. Ќе прават работна група за да решавале. Толку ли глупи предлози даваат лидерите или глупост е самата средба кога овие работи може да си ги одработи и парламентот.

Работнички права и Македонија. Што беше тоа? На газдите повеќе им се исплати да фркнат пари во партиските каси, а да не плаќаат придонеси, да плаќаат за кампањи, а работниците да им работат и празник и делник за исти пари. А вечниот лидер Муратовски вели дека неговата смена би била антидемократска. А бе чии права застапува човеков? Од осамостојување до сега нема лидер кој не шурува со власта и политиката и само за 1ви Мај се акаат по улици, демек интернационала. Во Македонија треба да се укинат синдикатите и онака ништо не значат!

Архиепископот македонски г.г. Стефан е многу активен последниот месец. Од седиште во седиште, де во СДСМ, де кај ВМРО ДПМНЕ, де за Велигден се подместува да му го кршат сите јајцето... Деновиве, брзо, брзо со колегите од ИВЗ и католичка, ама скришно, на Матка. Во чија мисија е поглаварот, да не станал и тој Нимиц, за името или за себе си лобира?

Бранко ќе се бори со криминалот во приватизацијата. Е, што му текна?! А, Грујо не дава, кого пак тој брани? На крајот, знам, граѓаните што ги дадоа фабриките- тие се виновни!

Врв на македонската парламентарна демократија е последната одлука на власта, парламентот да не може и законски да проверува како владата ги троши државните пари. Владата сама ќе си трошела и ќе си проверувала, а парламентот ако проверувал ќе бил судија!? Овде изгледа некој многу гледа Ѓумуш и Шехерезад, па свртеа на турско... онака султански, или беговски, сам се тужи, сам се суди... или кадија те тужи, кадија те суди, а рајата само треба да ги плаќа глобите и арачот.

Саатот на Тодоровски не бил вреден, бил копија и тој ќе им го подари на СОС селото, на децата. Па тие не се луди господин директор, ако е фалсификат, што ќе им е да гледаат на саат, колку време немале јадење ли?! Децата се попаметни понекогаш. А искрено, трговијата со саати не ми е јасна?!? Не било вредно тоа, било поклон. И, се разбира, со нож проверува што е хероин, а што кокаин. А кога одел во Турција, за истиот саат, или за други саати бил, ништо не ми е јасно. Во што е поентата, кој е сега фалсификатор, кој е полицаец, кој цариник кој шверцер, или клиент? Важно, типот од антикорупциска, новиот, веднаш сака да го копира премиерот, вели не слушнал тој ништо за саатот на директорот за јавна безбедност.

Иницијатива за обединување на "освестените Бугари" во Македонија, од страна на европратеници Бугари, кои од Филе барат во извештајот да влезе дека Македонија е дискриминаторски настроена кон тие со бугарските пасоши. Тие биле тероризирани од државата Македонија, само заради тоа што се чувствувале Бугари. И кога пишувавме дека пасошите нема да значат само возење бугарски коли, транзит низ други држави, туку и продавање на идентитетот и државата, овие продадените, или освестените, велеа: А бе нема врска, на нотар јас сум Македонец, ова само за по надвор- нужник систем. Баш така и испадна - нужник ама Бугарски!

Американците не заобиколуваат! Заменикот државен секретар Стајнберг беше во клучните зони на Балканот, во Босна, Србија и Косово. Дигнаа раце од нас, или нема што ново да ни кажат? Па, и онака никој нема голем ќар, тие си зборат, ние си тераме по свое.

среда, 07 април 2010

вторник, 06 април 2010

Влада за граѓани или граѓани за влада???

Христос воскресе, воистина воскресе! А, воскреснаа и цените на зеленчукот, на зелените пазари, јагнешкото, во месарниците. Ако се вистински Христијани, и ако го слават бога, тоа не би го направиле. Затоа е она „народ жив ѓавол“. Не, не се верници тие што лажат и крадат, а ова што за овие два дена цените беа 50% поскапи беше навистина кражба.

Бедно е кога новинарите мораат да пушат. Не знаев дека градот се чисти за Груевски и за државниот врв. Сакајќи да му се вовлече до крај на премиерот и државниот врв (сите од иста партија) еден репортер во извештај вели вака: Лошо е што верниците кршеле и фрлале јајца по улицата пред црквата, ама среќа што градската служба (од истата партија) исчистила, за да може како никогаш до сега, вели, сплотени, целиот државен врв да дојде во црква на велигденски прием. Ми фалеше уште да каже дека г.г. Стефан пееше за нив. Не му текна, инаку ќе кажеше дека Велигден е токму измислен за Груевски. И сега не е крив човекот, туку тие за кои, и за Велигден, само тој е нивен бог. Бооооолно новинарство, тоа ти е!

Корејската Trivju ќе прави телевизори во Бунарџик! Така рекоа, ама господ знае кога. Талентите, за кои на крај ќе испадне дека се преваранти како со млекото, од Македонија прокнижија 30 мил евра, и тоа за акцијата за компјутер за секој ученик. Тие требаше во Македонија да вложат 10 милиони евра, а ние им фукнавме 30 милиони. И сега премиерот да промисли (нели важи за магистер економист) кој е овде ќар, а кој лузер???

Ахмети и Груевски имаа состанок. ВМРОвците сакаа да го претстават како редовна средба, заради ништо, а ДУИ го дефинираа како конкретна и условувачка, впрочем како и сите досега. А бргу ќе се види кој од двајцата коалиционери се лажел, и зошто ли била средбата. На крај, сите типуваат дека ДУИ ќе излезе од влада. А бе седи, бегај... кој напушта власт за избори?!? Со стап да ги бркаш не идат, само ако мораат... Како ќе каже големиот брат, нели?!

ЕУ и г. Рикер не изреагираа за грчките војниците. Може јас не сум чул, ама штама од САД и ЕУ. А најголемата дрскост од Грција е што Друцас вели: немојте да сте го злоупотребиле овој изолиран инцидент!?! Тие се палат на споменик, на автопати, на име на аеродром, и тоа било страшно... Српскиот парламент делумно се огради од маскарот во Сребреница и тоа не морало да се сфаќа исто така трагично. Па само ние ли сме на тапет и со европски принципи??? Или се покажува дека и ЕУ не е за се за респект и верување.

Мендух Тачи побара повторно Македонија да биде федерална. Вели, како до сега, таа не може да остане унитарна. Ех, ако зависеше се тоа од секој албански лидер кој е во опозиција, веројатно и ќе беше така. Ова е само потсетник за сите... или како Албанци лузери резонираат, тргнати од државни пари. И тоа не е најстрашното! Најстрашното е што на нашиот државен врв им требаат кожни гаќи, за да кажат дека не смее така. Претседателот веројатно вапца јајца, а премиерот веројатно ќе каже дека не чул за ова. Тој си работи, нема време да слуша кој што збори. Море, што сака нека збори!?

Секоја втора недела испаѓа локомотива, вагон се преврте, сообраќајка, загина дете... Сега после снегот се е дупка до дупка, а Миле, министер, вели се било безбедно! Оној другиот, дечиштето на кое прва работа му е министер, исто вели, казнувајте кој не иде у школо и тоа најстрого. Да се чудиш, храбри децава!?! Не е безбедно Миле... Наплаќате патарини, а по патишта трчаат кучиња, пругите се дотрајани. И не е министер да се биде само за тендери и закони, за да се цедат пари од граѓаните со казни; туку идејата е владата во служба на граѓаните, а не граѓани во служба на владата- за тоа сте платени!

И покрај реакциите од европарламентарците да не се усвојува законот за антидискриминација бидејќи е дискриминаторски, ништо. Хомосексуалците остануваат вон законот, како и секогаш де, или да ги сместиме во графата болест? Тоа ти е педерска работа.

ХЕ хе хе , боците за пожар не важат повеќе. Тоа не е гаф на владата, тоа е глупост. Ако си донел глуп закон, глупо држи се до него и не попуштај, или некој повикај на одговорност. Вака што? Дали на некој му сврши бизнисот и толку, или се правеше закон за еднократна употреба?!? Еве имам од 2 кг боца... јас сум будала или кој? Некој мора да одговара за ова, или следниот пат не треба да ги почитуваме законите!

Атентати врз сетилата. Едните го отвораат Трајковски, другите Глигоров. Едните бараат српско- вмровска линија во бомбата кај Бристол, другите бараат саботажа на авионот, Кингерот. Колку евтино си играат нашите политичари! Битно е да се најде кој е крив и кој ја пренасочува јавноста од актуелните атентати врз џебот на секој граѓанин, преку небулозни закони, измислени давачки, даноци, такси, казни, и немање работа за и младо и старо работоспособно население. Навистина, а кој е всушност атентаторот?