Волците го извадија телото на загинатиот работник во тунелот во колекторот на рудникот Бучим. Катастрофа беше што на некои, наместо да се сети на армијата и нашите специјални единици кои ги фали НАТО, а се истакнуваат и во Ирак и во Авганистан, прво што им текна беше да бараат помош од Србија. Тоа дефинитивно е доказ за комплекс и ментална матрица на многу квази Македонци. До кога западот на државните институции ќе им биде север, и тоа преку Лесковац и Врање?
Од Брисел ништо ново! Средбата траела 20- тина минути, што ќе рече била од нога, и воопшто не разговарале. Средбата нашите медиуми ја претставија како решавачка, а грчките воопшто и не ја регистрираа. Средбата беше сепак на маргините на еден европски самит, а така беше и најавена. Тоа што ние си направивме филмови дека ете е битна, изгледа дека ја утнавме. Папандреу не го слушал Груевски. Ова очигледно не е негов проблем, тој си бркал работа за неговиот проблем за кризата. Наравоучение: секој треба да си го гледа и решава својот проблем. Очигледно е!
Нов грабеж! Овој пат ја начнаа и Комерцијална. МВР е немоќна, избори дефинитивни се ближат. Од нивната работа најсилни моменти се пресекувањето канали на дрогата, се разбира со помош на странските служби. Алармантна е количината во депото на МВР: 300 кг хероин или 10 милиони евра, чисти пари. Се сеќавате дека еднаш од тоа исто депо исчезна хероин и случајот МВР не си го расчисти?
Опозицијата му се пушти на Васко Наумовски, дека бил и на правен и во Влада. Имало конфликт на интереси. Јас знам многу професори од тој факултет кои си беа и ваму и таму, што влада, што парламент. Не знаев дека тоа било грев, освен ако не му замеруваат на младиот Наумовски дека има погрешна партиска т.е ВМРОвска книшка.
Премиерот за пола од прашањата, што пратенички што граѓански, кои не му одговараат вели дека не слушнал или дека не е информиран !? Чудна работа за Грујо, така сака, или навистина не му кажуваат? А тој, има ли допир со светов обичен или гледа само негови емисии, чита само негови весници и слуша само полтрони околу себе? Е таа не е сликата за Македонија, дефинитивно! А да не праша, ќе му кажеме, и тоа не значи дека сме му непријатели, и не сме патриоти!
Ќе се тепаат партиските војници на СДСМ и на ВМРО. Или, поновите стечајци и транзицистите и на СДСМ и на ВМРО. Сите го чекаат тој ден, натаму врви работата, само не знаеме точно каде. Ќе има искршени раскрвавени глави, жени ќе корнат коси, солзи и мрсули... Странците ќе рикнат дека е нецивилизирано тоа, демек племе, лидерите Бранко и Грујо потоа, дотерани, пицнати од говорници ќе им кажат дека не треба така во демократијата. И тепаниот тепан, ебаниот ебан... А тие фини демократи!
Ставревски објави дека завршила рецесијата и сме излегле од криза. Што му требаше, сега ќе треба да вработува? Ама не оние предизборните плукачи за шефови по општини, за шофери и шефови на чистачки, туку ќе треба да вработува писмени луѓе, со високо образование, а за такви работа нема.
Шок од владиното здравство!!! Не се здрави работите, сите се во кома- првин ги најавуваа како топ решенија, а сега ги повлекуваат како генератори на криза?!? Не здрава е работава, а види доаѓа од владиното државно здравство.
Браво за солидарноста на соселаните на семејството на кое му исчезна детето. Тие сите, долж реката, со трактори ги креваа паднатите врби и му помагаа на унесреќеното семејство во маката. Одамна заборавивме дека сме луѓе и дека кога сме заедно сме најсилни, особено кога си помагаме без интерес и парада. Само тогаш сме вистински луѓе.



