сабота, 30 јануари 2010

Писма и пораки

Амбди Баjрам и премиерот Груевски на пратенички прашања -тој вели дека имале времено вработени 5000 лица и за поддржувачите на Бајрам тоа било одлично. Ама, договорите завршиле. Премиерот реплицира: тие вработувања си ја завршија функцијата, тогаш за тогаш, и толку, нема повеќе. Пратеникот вели јас сум задовилен од одговортот. Замислете, не разбрав што е тоа “тогаш за тогаш” и како може времено вработување да заврши трајна работа - освен ако времето не е предизборно.

Горна Белица, Струшко- удрени темели за нова џамија врз црквата Св. Петка. Никој не дозволил, а и ИВЗ не се буни за тоа. Тоа биле радикални исламски структури. На плоштадот има законска маркица, план, дозвола од општина, црква, влада, ама тука сите се бунтуваат и не се гради. Силеџиство, систем, непослушност, или институции без авторитет?

Српска слава Св. Сава- убаини, Србите во Макeдонија ни го промовираат, по кој знае којпат, криминалецот Зоран Вранишковски како српски егзарх. Што убаво го најавија, а нашите лојалани Срби и парламентарци и нивни званици си одмолчеа. Исто слово и од новиот патријарх Иринеј, тој препорачува да се смириме прво со нивниот Вранишковски, па потоа да бараме решенија. Не е скандал, брука е! Србите дволично продолжуваат како и Грците да и работаат на Македонија зад грб!

Клањање во општина Чаир во Месна заедница, во Топанско поле претворени во молитвени простоии - џамии без минаре. Верски обреди. И за тоа никој никого не прашува! Дали повторно немоќни инститции, или систем аздис?

Црква и бизнис, верба, вера и пари. Е не иде! Нема ништо заедничко! Затоа браќата, новите Миладинови, заработија 6,5 години затвор за финансиските измами околу купопрадажбата на хотелот Изгрев во Струга. Ако се крстеа дека ќе ја измамат црквата, ќе го извалкаат архиепископот и синидот, се излажаа. Сега може само да се крстат во затворот Идризово. Значи, ова не се браќата Миладиновци што копнеат по Струга, таму... кавал да свирам- с’нце да зајдвит... Овие се од денешното време, измамници и криминалци.

Транзициските кодоши ќе се спасат од Законот за лустрација. За нив нема закон – има само пари и власт!

Точак е работава, со името. Некој во прикаскава лаже! Се бара само име, или и целосно бришење на македонското во ФИРОМ. Американците бараат веднаш и сега и стојат зад нас. И велат само име за надвор. И не знам на кого тоа му е малку, нашиве се мрштат. А Зоран Талер стварно е френд, дефинитивно, вели дека работава ни е точак, се вртиме во круг, застанавме ли готови сме. Ќе нема кој да не потурне! А да, точакот нели се движи само надоле, нагоре малку морген!

Jазикот на националистите, на меѓународната заедница, на политичарите, на граѓаните и ветераните. Сите се допишуваат меѓу себе, криејќи се зад немоќта отоврено да кажат дека се е манипулација. ОБСЕ се посрамоти, првин препорача па се предомисли, ДУИ не рече дека не знае, па се премисли дека тоа не било обврзно, единствено, младиот министер тврдоглаво држи до тоа првооделенчињата да почнат да го учат официјалниот Македонски јазик покрај својот мајчин. Се вади старата реторика, Груевски бил како Милошевиќ- наспроти Албанците биле неблагодарни за Косово. Балкан! Се уште ќе се продава само јазикот на неписмените, кои сепак можат да бидат само радикали- додека не победат европските стандадри.

Спасен давеник од водите на Вардар. Девојка паднала кај мостот кај владата, тој се стрчал до Kамениот мост и ја извадил од студените води. Куп народ гледаа, се туфкаа – сеир! Неколку момчиња потоа помогнаа да го извлечат и спсасителот и давеничката. Народот се сам си заврши. И се давеше, и спасуваше, и аплаудираше, оние кои им е работа да спасуваат дојдоа од како се беше завршено. Нормално! Сами Нуредин, момчето од Крушопек, покажа дека моќта е во народот, се останато е парада!

сабота, 23 јануари 2010

Ќе ги возат пензионерите, секој петок... И нас не возат, без пари, ама ние си ќутиме

Поради несогласување со политиката на телевизија Сител, магазин НИЕ... е тргнат од програмата. Но тоа нас не не спречува да ги анализираме настаните на неделата...

Македонското знаме на столб на срамот. 7100 евра за патриотизам. Дали тоа не би било поупатно да се дадат парите за социјалци и стечајци, а знамињата без пари да ги закачиме на нашите згради и куќи? Ако тоа нешто му значи на премиерот... ете дека на пример не го даваме името! На маргиналецот Јакимовски не му текнува дека за неговата општина ништо не значи, нити плус, нити минус, чиста нула, исто како и неговата одлука да го забрани поставувањето.

Ме боли грлово, кашлам. Не гледам веќе на вести да кажат да се вакцинираме, колку умреле, а колку тешко дишат. Изгледа пропадна свинската прикаска - ќе да ми е обична настинка.

Биди пензионер! Те бањаат, те плаќаат, сите ти сакаат зошто мора да останеш во форма дур да заокружиш. Груевски секој петок ќе ги вози пензионерите, му нареди на Коцета. И нас не вози секој ден - без пари. Ама ние не се фалиме...

Повторно грабеж, на кладилница, пред тоа на пошта, пред тоа банка. Што се случува, има многу апаши во државава, или итно требаат пари, и тоа многу пари? Избори премиерот рече дека нема да има, зошто ли се собираат толку пари?

Штрајк е штрајк, пара е пара, а кафанџии се кафанџии. Некои заклучија, други си пушеа и си работеа. Штрајк, типично наше пола- пола, штракбрејкери во Македонијава колку сакаш. Е, за тоа е така! Не сум за пушење, ама и не сум за шупци какви што се дел од кафанџиите!

Стари автомобили и до 13 години... хмм... Па нели сме инвестициски рај за Европа, или сме отпад на стари автомобили? Крш за Европа. Што е сега, зарем во Македонија нема иднина и не можеме да си зарботиме за нов автомобил?

Кодоши, новинари, шпиони, клевети и тужби... Страшна работа, новинарите се делат на удбаши и КОС- овци, предавници, а се тоа го цени, потврдува или негира МВР со едно пусулче. МВР?!? А што беше тоа ЗНМ ?

Да работиме на нашето бдиште на балканите, на чист блгарсаки везе нашиот Македонски министер Милошовски, онака официјално. Браво!!! Милошовски си го знае и бугарскиот.

Груевски пак вели стандардно, има сигнали за преговори за името, ама не се надевајте на ништо!? Е како да бидеш оптимист со ваква изјава на премиерот?!? Од друга страна пак, Американскиот амбасадор Рикер и Европретставникот Фуере велат сега е најдобро да се смени само меѓународното име. Е сега кој лаже за идентитетот? Груевски, или Рикер и Фуере, на кого да му верруваме и кој може да гаранрира за тоа што го зборува?

Онака протоколарно, без многу братска љубов, се поздравија нашиот поглавар и новоизбраниот Срски поглавар на црквата, сега патријархот Иринеј. Велат тоа било добра опција. Можеби... Само не знам што таму до новиот патријарх бараше изманикот Јован Вранишковски??? Не знам кој и врз што го гради оптимизмот?!?

Да не зборуваме за него, да пееме, ако може без солзи ! Ако може без солзи! Па роденден му е. 29-ти ... Да, среќен роденден Тоше!

четврток, 21 јануари 2010

понеделник, 18 јануари 2010

Што не сопира да ги користиме фондовите на Унијата? Хрватските искуства за тоа што нуди Европа

Во магазин НИЕ... во недела, 17.01.2010 гости Емануела Хрватин и Тодор Брдарски

четврток, 14 јануари 2010

Што нуди Европа, како за почеток?

Датумот за преговорите со Унијата ќе го чека името, но што не сопира да ги користиме фондовите на Унијата? Пример како тоа го прават Хрватите. Колку нашите локални градоначалници знаат за тие пари, или најлесно е да се прават само спортски игралишта? Што нуди Европа, како за почеток?

Магазин НИЕ... во недела, 17.01.2010 на Сител.

А во најавата...

Македонски партии денес: Абдулади Вејсели е избркан од партијата, го шутнал Мендух Тачи, заради тоа што овој бил криминалец и бил закана дури и за општината Тетово. За Вејсели се мисли и дека не го поштуел ДПА. Така, дејствувај демек европски и шибај локално каубојски!

Антикорупционерката доби интерпелација, како новогодишен подарок. Ич не и се погоди функцијата, се нешто и бараат правда. СДСМ пак, се фати за Телеком и Аналитико –АИ, и парите кои си ги поделил дрим-тимот на Груевски. Се тоа со папири. ВМРО им враќа, па не е страшно да се работи за пари, секој си бара ангажмани. А СДСМ фатил 120.000 евра. Пари ли се? Еве Мирјана сега ќе каже кој лаже, таа е државна антикорупционерка, а и државна новинарска Јустиција.

Парламентарците, според ревизијата, за една година поарчиле милиони евра, најмногу за мобилни телефони, интернет и за авионски карти. А богами и вода пиеле, ама не од чешма. За оваа, или за минатата, година велеа дека била рецесивна дека сме биле во криза?

Анкетоман, зависник од камера! Значи, Бранко не може веќе да го поднесе тоа! Дупло од него, побитен да е Грујо, и сега вели дека анкетите биле за манипулирање. Е добро де, па кој ги измисли анкетите? Од ваше или од ова време се г-дине претседник?

Пари, банки и осигурување: оваа недела украдени половина милиони евра од банка, колата префарбана од жолто во црвено, мислиш онака патриотски татковински бои, а парите ги нема. Ма кого фарбаат тие?

Љубен Пауновски оди во затвор. Едни велат дека се замерил со оние кои ги дилаат партиските пари. Тој вели дека имал цврсти докази, ама судот не му ги прифаќа. Секогаш е така! Кога наивен ќе влезе во политика нема патриоти има парии, а тие никогаш не оделе со патриотизмот. Знаел зошто се случи 2001 етнички конфликт, наспроти институциите, знаат и други ама не се фалат дека ќе кажат. Штета, колатерална штета!

ЗНМ ќе ги употребело сите дозволени средства за да се спротивставеле на заканите на новинарите и ограниченоста на слободата на говорот, на колешката Цаневска. Убаво кажано, а кога мислат да го направат тоа? Сите се во исчекување и страв?

Градскиот плоштад ни станува циркус! Не ми е јасно зошто прават дупли работи? Толку знаат, или ги местат? Тодоровиќ прави пируети на сред плоштад, нозе ќе искрши на нешто како мини лизгалиште, а толкаво старо лизгалиште зјае крај Вардар. Има мермер, а ќе ставале коцка. И најновово “т’зи дупка не е дупка“ сега немало ниту црква ниту џамија. Кој се мајтапи со скопјани, сами се местат или други ги лизгаат?

Уставниот суд во Република Македонија е надлежен да ги оценува законите донесени од Собранието на Република Македонија, дали се во согласност со највисокиот правен акт во држава – Уставот. Другото е политика, се е менливо, освен државата, пардон Уставот. Без забегуење!

Две години од хеликоптерската несреќа кај Блаце. Кој е крив? Навистина зошто не им кажат на луѓето кој е крив?

Вевчански карневал- одиме за Европа!

четврток, 07 јануари 2010

ДЕМОС- фрустрација или замена за СДСМ?

Честит Божиќ! За многу години... Во послебожиќното издание на магазин НИЕ... во недела, гостин беше проф. д-р. Ѓорѓи Спасов, основач на ДЕМОС, но и на СДСМ. Целосното видео од емисијата можете да го погледнете тука...>>>

А во најавата...

Пари за Нова Година не стигнаа ама за Божиќ ете ги, и за социјалците и за пензионерите. Им легнаа на сметка. Сега и тие можат да си легнат. Еден е Господ, само тој дава. Божиќ е, Божиќ е!

Вакцините сепак испаднаа бизнис, а умрените од вирусот на свињите се само бројка. Важно една докторка доби отказ, затоа што случајно, во кадар новогодишен пациент и влегол. Закон се нашиве. Белким нема да купат уште некоја вакцина, што за свињите, што за ХПВ. Море да може за ТВ!

Груевски во Изрел се сретна со Перез и Нетнањагху. Од таму упати божиќна порака до граѓаните, ама стигна и на утринска богослужба кај Архиепископот, а претрча и кај евангелиситие, во друга црква, и пак се вртаи кај Стефана. Знаете ли каде е сега??? Не е повеќе таму, на друго место е! Се бара шифра 24 /7- 2010!!!

Албанците бараат Албански песни на плоштад за Нова Година да се пееле и бараат извинување. Е, а тие беа и најбројни, и онака чопоративно наоружани со петарди. Чудна работа, јас не забележав дека музиката им беше неразбрлива!?! Што им фали, редот ли???

Тадиќ би бил Нимиц. И Слободан Милошевиќ проба со Мицотакис да ја дели МКД! Не иде тоа браќа Срби!!! Пробајте прво признајте ја нашата црква, па ние ќе ви посредуваме за Косово, еве на пример, па потоа вие со Грција. Се разбира се за добрососедство!

Чекај, а што им пречи на поповите да плаќаат данок??? Заради џиповите ли? Математиката е проста: еден милион Македонци да купат по 3 свеки и да остават 20 денари на икона, е некаде 60 ден. Тоа е едно евро! Значи 1 милион Македонци на еден празник, како овој сега, оставаат еден милион евра, а вие би да не плаќате данок? Чкејте, дали така треба дедо попе?

Пушиме и гајле си немаме, само по дома де. Ајде малку да се видиме и во кафаните со пуна плуќа. Пред Уставен јок... ај на кафански муабет!!!

Секој во своја црква, премиерот во главната, големиот БЦ во маалската. Тоа ти е со нашиве. Више ни господ не ги спојува!!!

недела, 03 јануари 2010

Во оваа година треба да се чекори исправено, гордо, стамено- Среќна Нова година

Среќна Нова година, многу здравје, навистина многу здравје, а за среќата ќе треба сами да одработиме и да ја најдеме. Бидете весели и смели, пред се смели, затоа што треба во оваа година да се чекори исправено, гордо, стамено, а за тоа е потребна и смелост и упорност.

Тимот на магазинот НИЕ... и натаму останува на определбата: зборуваме за фактите, а не за нарачките на политичките елити. Во име на демократијата ќе зборуваме за сегашноста, за тоа што прават политичарите денеска, а не што би било кога би било, што би правеле, ќе зборуваме за реалноста, а не за ветувањата.

Впрочем, во име на демократизација на државата вложиме 15 години, последниве 8 години под наслов демократија во транзиција, што беше провокација на стартот на магазинот НИЕ..., и години пред тоа во емисијата Време на партии, на А1 ТВ.

Во недела 03.01.2010 година, гостин беше еден од првите гости во магазинот НИЕ..., беше во првата емисија на НИЕ... тогаш како политички критичар, аналитичар, а сега е во можност да ја креира политиката, претседателот Ѓорге Иванов. Целосното видео од емисијата можете да го погледнете тука...>>>