Нимиц нема моќ да го
реши името, знае се Џемс Пердју, не го сакам ама го поштувам
човекот пошто е отворен. Тоа е тој фраер што е заслужен за нашите фрустрации од
конфликтот во 2001 и најмногу за пресудната
битка за и од Арачиново. Тој ја
менаџираше војната од тероризам до борци за права, беше во Македонија, сега е
на Косово, и тука се шутка постојано по Балканов.
Знае Пердју, знам дека не засака како народ, еснаф луѓе, трпеливи,
со Турците 5 века, со Грците ќе се сторат
20 години и затоа човекот ни кажа-
Нимиц е немоќен, Вашингтон да помогне, а
може и ЕУ. Ако го кажува тоа Пердју, нема да е на арно. Да се разбудиме!
Не доаѓајте во Белгија. Џабе ве лажат агенциите на бајрамовци и други. Азил нема. Единствено што ќе најдете
кај нас, ниту се пари, ниту станови, ниту работа и сабота, ќе добиете само фрустрација,
а тоа значи шут карта. Кратко, јасно и глупо,
дојде по вторпат човек од Белгија-
државен секретар, кога не можат нашите, тогаш тој лично да им каже на македонските
азиланти од Шутка и од Липковско. Е затоа тие се држава!
Евроамбасадорот Фуере,
го растури нашето судство, не чини ова, небива она, море каква академија за
судови, море какво независно судство, а
наш Маневски си седи до него и мува не го лази. Веднаш по него распали,
благодарам, и си тера, супер е вели,
направивме она, пресековме ленти, се реформираме и ќе продолжиме така. Тоа ти е
сликата за Македонија и Брисел -дијалог на глуви. А да не му беше исклучен
преводот на Маневски или да не му беше скината жичката во слушалката?
Македонската лустрација да запре. Ако сака некој
со државата да не пукне резил, да запре.
Ако по овие први досиеја сите се кодоши, значи и неа ја
смислил и почнал кодош. Абе не џабе
народ рекол, а народ никогаш не греши и
од мака кажува - удба ни е судба.
Оглас: Се бара лице, со
ефективна и орална комуникација, да има одлични интерперсонални насочувачки
вештини, да поседуваат мотивации за успех и волја за развивање на сопствените
потенцијали, такви требаат 172-ца. Не, не е ова
оглас за јавна куќа, проституцијата не е легализирана во Македонија иако на
западот, на нашиот тетовски, цути како во пролеќе. Ова е оглас за државна работа.
Никола Бадев е Македонец, ама и Бугарин. Таман
работа и до таму ли дојдовме, па тогаш Пабло Пикасо е Италијанец, Бетовен е од Австрија, вака
навидум би изгледал нивниот национален идентитет доколу Димитар Бечев ги напише во некој историски речник и
токму заради љубов кон Германија и Шпанија... значи без биографија, а биле познати во
целиот свет. Но, ако тоа БЕЧЕВ, го
направел за овие лица веднаш би бил правно санкциониран. Во новиот македонско
историски речник којшто осамна завчера Никола Бадев и Васка Илиева се познати пејачи од Македонија и од Бугарија. Никој ништо не направи.
Ниту новинарите таму прашуваа, ниту по тоа нешто истражуваа. Човекот ден потоа
раскажа друга прикаска. Кој ја утна, па кој друг новинарите и репортерите бестрамници, а и внукот на Бадев ни рече не пренесувајте
глупости.
Нашите двокатни автобуси кај да е ќе стигнат. Првиот спрат за стоење, вториот
само за седење и среќа што нема трет, тој сигурно ќе беше за лежење. Јас сум за тој спрат. Замисли си, се оптегнеш од градот интернет ти пуштаат. Лап топот до глава и за 30 ден се возиш, уште ако е петок владата и без пари те вози,
пошто сите се пензионери. Убавини. Само
не знам дали може сега да го нарачаат
тоа третиот спрат, а велат сега не биле
најсреќни и министерот Миле и нашите. Главната
утка им е што кинезите се бајаги пониски по раст. Е не кажаа кој од нашите ја
земал мерката. Требале Мартин да го пратат, детето е таман по мерка ама...
Никаде во внатрешноста нема аптека која работи ноќе, во Скопје само неколку на 700 000 луѓе. Таква
ти е македонската приватизација. Ги
дадовме аптеките, а
државата ги зема парите. Џабе маршираа
со денови градски аптеки. Всусност, се
е во парите. Аптеките нели ноќе се
за итни случаи човек
да ја
реши болката, ама аптекарите ич не ги боли за тоа. Па, да пари легално се прават дење, а не ноќе.
Франција фрчи од
протести, Грците
ја запалија Атина
и Солун, Белград го демолираа со
педерските работи, а во Македонија синдикалците си аплаудираат заедно со
власта. Едниот вели ние многу направивме, синдилакците аплауз, другиот вели, ние не
сме владин синдикат,
ама ни антивладин. Ни
риба ни девојка . Тоа
ти е, овие на вестиве лажат дека народот во светот протестирал.


0 коментари:
Post a Comment