сабота, 06 март 2010

И повторно борба за права

Хулигани каменувале минувачи на сред плоштад! Едно дете е удрено со камена коцка во глава. Шупците на систем удри- бегај, полицијата ги пронајде. И сега треба да се казнат. Не ми е јасно зошто медиумите, заради глупост ли???, напишаа претепано дете. Не ми е јасно зошто опозицијата ја прозива власат за да се огради и да го осуди, зарем секој нормален не би го осудил???, и не знам што премиерот Груевски мајка бара у Чаир да го посетува детето, за да ги потврди или демантира меѓуетничките тензии. Патем и у едно село во радовишко на едно дете му дупнале глава со камен, па нека појде да види и таму. Полесно ќе им е сигурно на сите, затоа што во тоа село амбулантата е затворена со години.

Собранието ќе се реновира, се стеснува просторот, не за дебата туку за места со фотелји за парламентарците. Значи и пратеници, и доктори, и служби, сите на куп ќе се збираат и тоа ги мачи. Иако нема пушење, ама тука има сериозна дебата! А за Скопје 2014 дебата и натаму нема!- продолжува блокадата и на Комитетот на заедниците. Фокусот за сега е каде ќе се паркираат пратеничките, бесплатниот паркинг 100 метри подолу не им одговарал, ќе им се растуреле фризурите. Ете тоа ги мачи нашите пратеници, апропо градбите Скопје 2014. Се думам, тоа ли ќе му го пише Адеми на Баросо?!?

Азилани- резиланти! Летерм дојде да види што чудо е тоа Скај Вим АБ, и кои се другите шофери во овој бизнис? Ама тој сигурно не знае дека затвореници во Македонија, кога ќе излезат на слобода, стануваат критериум! Тој не знае дека тие потоа се фалат дека се блиски пријатели на премиерот и со тоа си тераат бизнис. Можно ли е: Пратеник ја растура визната либерализација? Скај Вим АБ не бил он, брат му бил. А тој бил само коалиционен партнер на власта. И сега, тој бил вреден, го местеле. Господине пратеник, “ме местеле, невин сум“ ...тоа се затворски приказни. Не сте во затвор, во влада сте!

Војската вежба заштита на Охрид- бутај земја, камења... оние од ЕЛЕМ вежбаат колку вода може да приберат, а струја да продадат, Јанакиевски мери колку метри е дозволено, не разликува метри од сантиметри ,градоначалникот вежба градоначалник. УХМР почна и да лаже, некои нови партиски фаци кажуваат прогнози дека немало снег и дотеци... Господ нека ни е на помош, само тоа не вади. Да преврне!

П.С. Стартот на Охридскиот маратон годинава ќе биде од кај чинарот - така се збори?!

Трет смртен случај на родилка: Скопје, Прилеп, Гостивар... Министерот вели не било до него, тоа што било до него го средил со вакцините, и ете свински грип немало. Со смртта на пациентите се судривме со смрдеата на македонското здравство, со гнилоста на зградите ,тоалетите. А како тоа до сега сите гледале и никој не кажувал? Така им е и по дома, или се грижеле само за плата, а тоа е државно? А и ова да не е некоја режија на Бранко Црвенковски?!?.

Трајко Вељановски му се запна на Уставот! Спикерот го поканил претседателот на Уставниот суд да одговара на пратенички прашања..., да му дојде во парламент, да го препрашале. Демек, пратениците кој од кој поголем експерт за уставно право, и демек они знаат, а уставните судии се боранија. Замислете, веројатно прв ќе почне Амди Бајрам, па по него Даут Реџепи- Лека, па другите... и на крај од тоа дробењето во парламент, лидерска и заклучоци. Тоа што “село гори, баба се драпа“ и цел свет збори за името, а ние за уставот е друга тема, важно е сега партиските војници ќе го средуваат Уставот!

Македонските студенти седат без парно. 5 месеци доцнат кредитите и стипендиите, а тие се среќни што од провинција заседнале во метрополата, во Скопје. И ќе си седат, макар и смрзнале, или од контејнер јаделе. Не ти се враќаат тие у провинција. Студенти, тоа е статус, само да се направи и добра проценка која партиска книшка да се земе, и толку е! Тоа е нашата иднина, седи и ќути! Наша академска, интелектуална иднина!

6 грабежи за две недели. Кој ги пљачкосува банките??? МВР или фраерот со ракавиците кој со нож проверува дали и што е кокаин, а што хероин, треба и за ова да даде објаснување? Дали се ова има некаква врска со осигурувањата, или можеби се препорачува некоја агенција за обезбедување да ги чува банките?

8 март - сега мажите ќе им платат на жените, или може и обратно, жените ќе си наплатат- ајде вади деколте... Ајде колеги и колешки, на работа на труд, пуштај Цеца- хоп, хоп,хоп!

1 коментари:

  1. maaaca hmmm...Mar 12, 2010 12:44 AM

    maci i 8 mart... sega vidov deka zenite gi gledate sepak samo niz dekolteto na ceca. Nie isto irame , se drmame ama ne po masi tuku po sankovi na pr..BAlet i sega po novo ni ve plakame a ne vie..macane :)

    ReplyDelete