сабота, 28 ноември 2009

Братоубиствени по македонски! Кој е следниот предавник, а кој херој? Дали движиме кон конфликт?

За Европа- Папуљас и Грција се однесуваат како дефинитивно тие да се НАТО и ЕУ. 95 насто од граѓаните на Македонија се за, се откажуваат од многу што, реформи, транзиции, приватизации, не е за потценување, а нашата Европа се сведува на Грција Мицотакис, Папуљас, Бакојани, Папандреу. Грчкиот претседател арогантно вели не ви следува Македонија, еден Грчки премиер ни стави ембарго, друг ни го смени уставот, знамето, трет ни вели менувај и јазик и идентитет - има ли крај?- Грција ли е Европа, или ние не сме вистински Македонци? Бараме сојуз со Грција, или влез за Европа и НАТО?

За Македонската братоубиствена војна - Кој е следениот предавник? Може да биде било кој, само треба показ со прст. Ти си предавник, ти си Македонија и толку. Потоа оркестрација, една реченица извадена од контекс, намонитрана слика, медиуми, и потоа познатото- секоја лага изречена повеќе пати станува вистина. Господа, тоа не е демократија! Страотен ризик е за сите, ако сами вие прогласувате кој е херој или предавник, тоа се, без мерка, ја стартува анархијата и беззаконието. И, баш се и не се купува со пари, или со многу пари, и истроијата не ја пишуваат секогаш само победниците!

За полицијата- Таа гази и тепа како на филм, си мисли има пендрек, пиштол и тој е државата, тој е и судија и закон и може да тепа. Претепале граѓанин зошто им рекол да се тргнат од патот. Срамота. И ако МВР и нивниот полициски синдикат сакаат да покажат дека на таквите не им е место во полицијата, тоа треба гласно да го кажат, наместо бистрење политика, тоа е став и тоа е ред и поредок.

За животот- Извршители на врата бараат од жена со деца да го напушти станот затоа што бил препишан на друг, продаден. Таа го отвора прозорецот и се обидува да скокне од прозорец во име на обесправеноста. Пожарникарите отвораат балон за спасување и ја убедуваат да се предомисли. Ова не е филм, или тизер на неокоја нова серија, ова е исечок од реалноста во минатиот понеделник во Скопје

За правдата- Карл Билд дојде во Скопје, да ја избилда Европската позиција, да му каже на Груевски и Македонија што мора ако се сака во ЕУ. Оли Рен и Солана есклузивно уште еднаш, преку колумна, на денот на разговорите упатија порака дека сега му е мајката за менување на името, за големи државнички одлуки. Велат, менување на името! Велат и, водењето спор во меѓународните законски тела не е традиција меѓу европските партнери. Аха, ако судовите се правда, значи зошто се плашите од пресуда, ако е се праведно. Папандреу ги повторува ставоите во Пили, во Грчка Преспа, имале црвена линија- а што ние имаме од се ова?

За здравјето- Министерот Османи рече дека вакцините се проверени и здрави за употреба, имаше парадно боцкање на промоторите на вакцините. Рече и дека сите во Македонија изигравале лекари и ја одбиваат вакцината. Не знам дали тука мисли и на сопствениот лекарски персонал, кој одбива да се вакцинира? Сега ќе набавел други побезбедни! И сега кој овде ја зборува вистнината? Што е, кои вакцини се безбедни?

сабота, 21 ноември 2009

Груевски го купи CNN, а Црвенковски крка ќебапи у Баш чаршија и смишља стратегија

Во новото издание на магазин НИЕ... на тема: Нови или стари комуњари?! гостин Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ. Видеото од емисијата можете да го погледнете тука...>>>

А во најавата...

Кој како сака нека коментира, реваншизам или пресметка, ама апсењата вршат работа. Како и сега, струмички градоначалник, судии и цела тајфа. Белким, ќе сфатат сите маргиналци кои сега по партиска книшка стануваат функционери, прв човек на градот не е апашаана. Kради, дели, вработувај и никој ништо не ти може. Сепак добра поука се лисиците, особено и по завршувањето на мандатите.

Биди педер не Македонец, ЕУ амбасадорите застанаа во ред. А зошто не излегуваат дипломатите секогаш заедно со нас? Еве сега на протести за името, за одбрана. Петров и не е некоја марка за поддршка, ама идејата целта е дефинитивно стамена, или тие повеќе држат до тоа биди педер не мора Македонец.

Грујо во Бугарија- сам дома, во Лондон кратко, Грујо во Даблин таму со новинарите и своите, Грујо на CNN, на интервју! И сеа Бранко, онака комотно, од Баш чаршија и сараевски ќебапи и сигурно си мисли: не е ваљда со рекламите што ги пуштија, Македонија вечна? Па си помисли: сигурно го купиле вмровциве и CNN. Да, да и CNN сосе МКД медиуми се криви, што е сардисан и што не знае да претне од опозиција.

Ѓорѓе Иванов, Претседателот, направи скандал, додуша не баш, ама дипломатски инцидент. Да. Умниот Тадиќ ја испегла работата, немојте Бранко дајте чаше у вис наздравимо за пријатељство... па промакло се .... А, всушност Белград ни оддржа повторно лекција како се води политика. Еве ви мило за драго, вие Косово, ние Грција, вие граница, ние името ваше, и како шлаг министерот со Грците, претседателот со нашиот на тешење. Сите задоволни и се кажано- тоа е и дипломатија и политика, и свој интерес. Гледајте и учете, мои дипломати, кабинетски шефови и ПР стратези.

Нешто како филм, и политика и реалност. Име си е име, документарецот на кој му беше спречена промоцијата од Грците во демократска Америка нели. Ај да приземјиме, и не знам шо се кострешиме!? Па Грција си е Грција, Исланд ..., филмот за македонските вистини е само нечиј филм, а реалноста е реалност. Сурова реалност.

Боледување и грип. Оди провери дали е свински однос, или свински грип. Овој народ е жив ѓавол, од се прави ќар. Исто како што се израдуваа некои дека и Македонија има смртни случаи, еве не е лага. Ете ја повторно паниката и се враќа темата- Каде ни се... дајте брзо вакцини!

Зоран Ставревски, вицепремиерот на Груевски сега и министер, вторпат со иста информација дека го решил клириншкиот долг со Русија и дека Македонија ќе се гасифицирала. А бе Зоки... па нели Македонија се гасифицира уште кога гасот му го зедоа на Макпетрол? Тоа беше нели лани или ломлани? Истата информација. Да, истиот тој Ставревски, да со истата Русија. Ова е дежа-ву, или, кога беше лагата, тогаш или сега? Да не те местат г-дине министер, или сам се местиш?

Писмо за мобилизација на членството на ВМРО ДПМНЕ. Повик за линч, за пребројување или постројување. Фатете го непријателот, името му е транзициски! Удрете браќа по браќата, би дошло. И сега сумирам: На едни пред тоа што се бават со ЕУ политика, на дописничките, им порачаа да си ги рентаат пи...те; на насловни се издаваат потерници; се посочува непријателот на мегафоните на ТВ; пред некој ден, eдно дете што се плетка во новинарството го удриле со шипка во глава, 5 конци; ден потоа на екипа на Сител во Струга им ја дрпнале камерата и ги нападнале. Се извинувам, за која мобилизација зборува премиерот и лидерот на власта? Панцирот ќе го извадиме, ама кој е непријателот, а кои се нашите? Има ли бетер од ова?

Нешто локално... Рашче се загадува! Во изворот од кој вода пијат 1/ 3 од граѓаните на државата, гргаат фекалии, а градоначалниците тераат бизниси. Не знам дали е законски, но, тука треба да се апси. Тоа е труење на градот. А градоначалникот на Сарај си тера бизниси, тој се бави со тоа како превозот на учениците да го префрли локално, наместо со ЈСП, а првиот на градот ја порибува Матка и се слика со премиерот до канти за ѓубре, нели за почиста средина. Подобро две игралишта помалку господа, наместо тоа напрајте ја канализацијата во село Рашче. Подобро е, граѓански е, и пак ќе се сликате! Има прича, ќе ве покријат медиумите, и ќе ве памтат граѓаните.

сабота, 14 ноември 2009

Дали грипот е вистински грип или паника? Од што да се плашиме, од грипот или од пропагандата?

Визната либерализација се поблиску. По Берлинскиот ѕид за Европа, тука сме... ќе падне и нашиот санитарен Европски ѕид за нас Балканците - да Шенгенскиот! Тоа е нов сигнал, уште една поддршка на големите, за нас малите. Ќе го разбереме ли како што треба, или пак спонтано ќе драмиме ВИЗИ ДА, ИМЕ НЕ! Боље рат него пакт!

Серискиот убиец е зад решетки. Веднаш наслови: Раскољников од Ѓорче;касап; секири…. Никој не се прашува како тоа првенец, добар ученик, станал наркоман и убиец. Кој го направи убиец? Неговата мајка сака да и погледнат во очи. Кој ги донесе на работ на егзистенција, на амбисот. Зошто ја нема таа дебата?

Се поблиску сме до датумот, и се подалеку од Европа, ако судиме по искуството формирај комисија и дај и работа, или систем демек решаваме за да не решиме. Така некако изгледаат и сега Демос и старо-новиот дипломатски совет или кворум, и толку... И така по 7ми ќе си дојде 8ми декември и натаму со ред. Решение се наоѓа, но прашањето е јасно: Дали ние сакаме или не во Европа !?

МПЦ- Охридска архиепископија - црквата си се прекрсти, знаат владиците ова е време да се крстиш и со лева и со десна. Се ова треба да се издржи. Има право архиепископот, време е да покажеме со прст на сите кои посегаат по нашите. Демек наши, а ни стојат зад грб. Да се преброиме колку, толку, токму... да се пребориме.

Името не го даваме, а ќе преговараме. Треба да се најде решение и толку - никој не истрчува. Не знам дали Груевски знае или не знае, ама неговиот коалиционер Павле Трајанов понуди решение без него. Вели фазно решение за проблемот со името. Првпат нешто конкретно доставено и до Папандреу, до Солана, до САД, и до опозицијата и власта. И сега не знам дали ДС и Павле Трајанов се во власта или веќе вон власта. Дали и тој како и Претседателот Иванов, ќе рече нема референдум па ќе се предомисли другарот. Да не испадне и тој да мора да го повлече предлогот.

Тренковски, екс директорот на Фондот, се сеќавате го апсеја минатата недела, а сега веќе е на слобода. Демек можело, ќе се брани од слобода. Сега е јасно зошто никој од обвинителите не сака да работи на организираниот криминал. Изгледа таму сите се поорганизирани, нема борба само слики и лисици- знаат обвинителите.

Бранко Црвенковски и Алија Ахмети се сретнаа. Повторно сега е само прашањето – КОГА? .. Каде е конфликтот ?

Вакцините и грипот. Заразени од надвор и од по дома. Ставајте, па симнувајте маски - имаме грип епидемија или само паника од грип?

Целосното видео од магазин НИЕ... со Драган Антоновски, кој се емитуваше во недела 15.11.2009 на Сител 1, во 14 часот, може да го погледнете тука...>>>

сабота, 07 ноември 2009

Подготвен ли е Парламентот за клучната дебата за менување на името?

Целосното видео од магазин НИЕ... од недела, 08.11.2009 година можете да го погледнете тука...>>>

На тема За кого одработуваат пратениците, чии интереси застапуваат, на партиите или на граѓаните? дебатираат Силвана Бонева (ВМРО ДПМНЕ), Сафет Незири (ДУИ) и Марјанчо Николов (СДСМ).

А во најавата...

МАНУ ти стана се освен академија. Нема зборување со факти, туку како во актуелната политика со триста вистини. Те ќе ја забрануваат енциклопедијата, те ќе ја ставаат во бункер, па ќе ја ревидираат, па ќе ја менуваат делумно или ќе има ново издание. И на крај, Баже лаже ама лаже и Старделов, не знаеш кога се оградува од редакторот, не знаеш кога се гордее со него. Тоа тие е академско убедување во МАНУ.

За актуелните вакцини: се повеќе кружат мејлови дека вакцините се непроверени, дека онаа за HPV штити од две, а ги има 32 можни опции да заболите, дека онаа од свински е иста со таа од обичниот грип. И велат дека најдобра заштита ви се редовни контроли и хигиена, сапун, а не вакцинирања. И сега дилема: Кои се приоритетите на нашите здравствени работници, добро здравје или добар бизнис?

Следново нема никаква врска со претходното, секоја сличност е случајна, но, го уапсија екс директорот Тренковски и екс директорката на аптеки. Парите кои фалат се половна милион евра. Сите досегашни директори на Фондот за здравство завршија зад решетки, кој помалку кој повеќе, сите поминаа процедура со кривични пријави за големи пари, а некои и се одбранија. Повторно истото прашање: Колку пари се вртат во здравството и што бизнис е здравството со толку кривични пријави и притвори?

Претседатели и пријателства. Претседателот ни е оптимист, го покани грчкиот претседател на гости во Македонија. Демек не било се така црно, имало простор за пријателства и доборососедство. Одговорот беше експресен- Македонија има територијални претензии и додека не сфатат дека Македонија е мултиетничка, а не македонска држава, муабет нема. Никако да ја погоди претседателот избран и од народот и од ВМРО. А некако нејасно останува пак какво пријателство имаат неизбраниот претседател, конкурент на Ѓорѓија, Фрчко и ново ангажираниот политичар Костовски со истиот грчки соговорник.

Ме бендиса оптимизмот на шефот на македонската дипломатија Милошоски, вели, за името се разгледуваат опции и, индиректно, има позитивен одиум да се најде решение, што преку Нимиц и ОН, што преку ЕУ или директни преговори. Ме бендиса оптимизмот дека за името се разговара, ама за јазикот нема шанси, ние веќе сме биле познати во светот со етаблиран јазик и тука немало попуштање. И што тоа значи? Сизифовски тешко господине Милошоски? Па и името нели не го дававме и двојни формули продававме, и не се даваме, па отиде на барабан. Совет: Запишете си ја изјавата, или потсетете се што се тврдевме во овие преговарачки години за името, што се не дававме и што се отиде курбан.

И пратениците ни се оптимисти. Знаат ли што треба да зборуваат во Парламент и зошто се таму? Еден од нив си го дал телефонот на секретарката, па и дење и ноќе таа како папагал ви вели пратеникот е зафатен, ај дење ама што ноќе, не знам. А вториов доаѓа ама слуша, говор нема.

Во бугарија на големо потреси. Се пишува за активности на бугарските ДБК служби. Интересно е, Бугарските разузнавачи во Софија ја скенирале македонската амбасада и викаат дека не била активна со промакедските групи во Софија. И веројатно точно е. Кој е таму амбасадор наш, колку таму одработува екс министерката Доста Димовска? Па се вели, нивната државна безбедност, нивното ВМРО БНД максимално го контролира бугарското државјанство во Македонија. Па ги наведуваат имињата на нивните агенти во Скопје, славеј, посредник и бегалец, а кажува дека и државната безбедност се занимавала и со криминалите и корупцијата на владиниот кабинет. Заради што се симнати имунитетите на екс премиерот Станишев и други? И сите тие работат на големо и во Софија и Скопје - а што работи нашата, ми се чини се вика, Дирекција за државна безбедност и контраразузнавање? Кого таа следи и разузнава и кому удира контра?