Трајко Вељановски, господинот претседател, веројатно како и неговото обезбедување си се изнасмеја гледајќи го Амбди Бајрам. Се смеел и Премиерот Груевски, бидејќи се заедно во коалиција, како атакува со тупаници и со гадости и лик на примитивец со затворско досие, и се смешкал, зошто тој му е лидер на Ромите. Господинот Вељановски сака да воведе дрес код, пристојност во облекување, но што со ваквите криминални настапи, селски примитивизам, затворско ниво во собранискиот дом...А јас знам барем 100 Роми писмени, културни, начитени, кои се грозат од примитивниот настап на овој, кој сака да се претстави дека тој е цар на Ромите. Зошто новинарите не го прашуваат?... Па, никому не му значат ништо неговите зборови, затоа што ете кое е нивото, простотилук. Персонава треба да се даде на суд, новинарите, ние, треба да му направиме целосен бојкот до крај на животот за да запамети кого навредува, и тоа е мој предлог. Сакам да знам, ме интересира дали сега пратениците ќе му го одземат имунитетот експресно, за да му се пресуди за навредите, или пратениците сите заедно и неговите коалициони партнери и опозицијата ќе молчат.
Дали е тоа вашето ниво господа пратеници, вашиот дигнитет господа пратеници од власта и опозицијата? Сакам да видам дали и ЗНМ ќе поднесе кривична? Нели тие, ние, сме здружение на новинарите, ако пратениците не го штитат дигнитетот на инстиуцијата тогаш ние мора нашиот. А тој Амди, како ли се вика, веќе нема никогаш да биде цел на моја опсеравиција... ниту во емисиите ниту во вестите... освен пример како не смее и не треба!



