петок, 29 мај 2009

За дојденците и античките Македонци

Македонија денеска живее под назнаката добрососедство и тоа се бара единствено од неа. Тоа ми личи како кога некој дојденец ќе дигне глава, а староседелците ќе почнат сите да го удираат по неа и да му цртаат што тој смее, како е редот, кое чие е.

Ако актуелната власт држи до тоа дека ние не само што не сме дојденци, туку сме антички Македонци; тогаш каде лежи фрустрацијата да се настапува како провинцијалец? Во што е проблемот; во сомнежот на сопствениот став, во личните капацитети, државнички или на државата, или, сите сме лидери само за по дома криејќи се зад моќта на власта?

Македонија денес е држава во која сакаат да регистрираат грчко- српска црква, а домашната не ја признаваат. Тоа го организираат сите соседи; едните буцкаат и велат дека ако Албанците не најдат свое во пакт со Македонците тоа ќе го направат со другите Албанци, другите пак забрануваат и малтретираат други Македонци, праќајќи ја пораката дека македонскиот исток никогаш за Македонија нема да биде европски запад.

А новата реалност веќе бара нов црвен килим! Иако новајлии на старите антички Македонци им диктираат како да бидат пречекани.

Македонија денес мора да одработи првин за денеска, па потоа да се надеваме за утре!

четврток, 28 мај 2009

НИЕ... во недела...

Бранко Црвенковски ја распушти СДСМ, опозицијата се прегрупира

Груевски се обидува да парадира со маргинални партии кои се приклучуваат во неговата коалиција, а ДУИ се заканува да му ја напушти коалицијата!

Иванов го има својот прв несмасен потег со откажувањето на посетата на Косовскиот претседател.

Владо Бучковски и Јован Донев, гости во следното издание на магазинот НИЕ...
недела, 31.05.2009, во 14:00 часот

сабота, 23 мај 2009

Тема во НИЕ...

Зошто Грците и Македонците во Албанија заедно беа кај Албанскиот претседател? Зошто си помагаат постојано?

А всушност зошто Грците нашинците таму ги нарекуваат Македнци, а овие пак нив Грци и зошто се почитуваат? Зошто тоа може таму, во Албанија, а не може овде кај нас?

Одговорот на прашањата се крие во новото издание на магазинот НИЕ... во недела во 14:00 часот, на СИТЕЛ 1.

Едмонд Темелко гостин во НИЕ...
24.05.2009

петок, 15 мај 2009

НИЕ... за позициите за името

Гости во магазинот НИЕ... г-дин Ефтим Гашев, г-дин Оливер Белопета, г-дин Раде Силјан и г-дин Игор Иванов-Изи.

Гостин во НИЕ... г-дин Имер Селмани

Г-дин Имер Селмани за политичката ситуација во земјава и за неговата Нова Демократија зборува во магазинот НИЕ... со Драган Антоновски.

Љубчо Георгиевски во магазин НИЕ...

Како ја гледа ВМРО ДПМНЕ од денешна перспектива, што направи добро? Каде погреши? Г-дин Љубчо Георгиевски гостин во магазинот НИЕ...

четврток, 14 мај 2009

НИЕ... со Трифун Костовски

Градоначалникот на град Скопје, г-дин Трифун Костовски зборува за функцијата, проектите, релациите со владата...
Недела, 21.12.2008, во 14:00 часот
Видеото погледнете го тука...