Во новото издание на магазин НИЕ... на тема: Нови или стари комуњари?! гостин Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ. Видеото од емисијата можете да го погледнете тука...>>>
А во најавата...Кој како сака нека коментира, реваншизам или пресметка, ама апсењата вршат работа. Како и сега, струмички градоначалник, судии и цела тајфа. Белким, ќе сфатат сите маргиналци кои сега по партиска книшка стануваат функционери, прв човек на градот не е апашаана. Kради, дели, вработувај и никој ништо не ти може. Сепак добра поука се лисиците, особено и по завршувањето на мандатите.
Биди педер не Македонец, ЕУ амбасадорите застанаа во ред. А зошто не излегуваат дипломатите секогаш заедно со нас? Еве сега на протести за името, за одбрана. Петров и не е некоја марка за поддршка, ама идејата целта е дефинитивно стамена, или тие повеќе држат до тоа биди педер не мора Македонец.
Грујо во Бугарија- сам дома, во Лондон кратко, Грујо во Даблин таму со новинарите и своите, Грујо на CNN, на интервју! И сеа Бранко, онака комотно, од Баш чаршија и сараевски ќебапи и сигурно си мисли: не е ваљда со рекламите што ги пуштија, Македонија вечна? Па си помисли: сигурно го купиле вмровциве и CNN. Да, да и CNN сосе МКД медиуми се криви, што е сардисан и што не знае да претне од опозиција.
Ѓорѓе Иванов, Претседателот, направи скандал, додуша не баш, ама дипломатски инцидент. Да. Умниот Тадиќ ја испегла работата, немојте Бранко дајте чаше у вис наздравимо за пријатељство... па промакло се .... А, всушност Белград ни оддржа повторно лекција како се води политика. Еве ви мило за драго, вие Косово, ние Грција, вие граница, ние името ваше, и како шлаг министерот со Грците, претседателот со нашиот на тешење. Сите задоволни и се кажано- тоа е и дипломатија и политика, и свој интерес. Гледајте и учете, мои дипломати, кабинетски шефови и ПР стратези.
Нешто како филм, и политика и реалност. Име си е име, документарецот на кој му беше спречена промоцијата од Грците во демократска Америка нели. Ај да приземјиме, и не знам шо се кострешиме!? Па Грција си е Грција, Исланд ..., филмот за македонските вистини е само нечиј филм, а реалноста е реалност. Сурова реалност.
Боледување и грип. Оди провери дали е свински однос, или свински грип. Овој народ е жив ѓавол, од се прави ќар. Исто како што се израдуваа некои дека и Македонија има смртни случаи, еве не е лага. Ете ја повторно паниката и се враќа темата- Каде ни се... дајте брзо вакцини!
Зоран Ставревски, вицепремиерот на Груевски сега и министер, вторпат со иста информација дека го решил клириншкиот долг со Русија и дека Македонија ќе се гасифицирала. А бе Зоки... па нели Македонија се гасифицира уште кога гасот му го зедоа на Макпетрол? Тоа беше нели лани или ломлани? Истата информација. Да, истиот тој Ставревски, да со истата Русија. Ова е дежа-ву, или, кога беше лагата, тогаш или сега? Да не те местат г-дине министер, или сам се местиш?
Писмо за мобилизација на членството на ВМРО ДПМНЕ. Повик за линч, за пребројување или постројување. Фатете го непријателот, името му е транзициски! Удрете браќа по браќата, би дошло. И сега сумирам: На едни пред тоа што се бават со ЕУ политика, на дописничките, им порачаа да си ги рентаат пи...те; на насловни се издаваат потерници; се посочува непријателот на мегафоните на ТВ; пред некој ден, eдно дете што се плетка во новинарството го удриле со шипка во глава, 5 конци; ден потоа на екипа на Сител во Струга им ја дрпнале камерата и ги нападнале. Се извинувам, за која мобилизација зборува премиерот и лидерот на власта? Панцирот ќе го извадиме, ама кој е непријателот, а кои се нашите? Има ли бетер од ова?
Нешто локално... Рашче се загадува! Во изворот од кој вода пијат 1/ 3 од граѓаните на државата, гргаат фекалии, а градоначалниците тераат бизниси. Не знам дали е законски, но, тука треба да се апси. Тоа е труење на градот. А градоначалникот на Сарај си тера бизниси, тој се бави со тоа како превозот на учениците да го префрли локално, наместо со ЈСП, а првиот на градот ја порибува Матка и се слика со премиерот до канти за ѓубре, нели за почиста средина. Подобро две игралишта помалку господа, наместо тоа напрајте ја канализацијата во село Рашче. Подобро е, граѓански е, и пак ќе се сликате! Има прича, ќе ве покријат медиумите, и ќе ве памтат граѓаните.


a da go pratevte na logoped pred da dojde u emisija
ReplyDelete