Ден 1
Ден 2
Тито Петковски бара влада за национален спас. ВМРО ДПМНЕ е против, СДСМ и ЛДП како опозиција се против, албанските партии молчат. Колку е смешен! Па со кого ќе гласа доверба ако сите се против? А, за кого Тито бара спас, за себе, за владата или за државата?... е Тито Тито!
Ден 3
Албанците не сакаат да се тестираат за упис! А бе кој во која држава прашува такво нешто, не е желба закон е! И сакале сите во медицинско. А сите парајлии Албанци не сакаат да се лечат во Тетово и бегаат кај скопските клиники, приватни и државни, да ги лечат Македонци. Па нели е парадоксално, анархија, обесправените Албанци не сакале приемен. За Македонците и за сите останати мора, за нив законот важи! Господа политичари, ако учат пописмени ќе бидат! Оставете ги децата, не ги оставајте на вашето неписмено ниво.
Ден 4
Свинскиот грип дефинитивно не’ потресе сите, Македонските власти добро се справуваат. Белки нема да не закачи повеќе за да излезе немоќта на виделина.
Ден 5
Новинарството во Македонија не го бидува, Фиродм Хаус уште еднаш потенцира, а богами и НАТО натаму ја врти приказната, пропаѓа демократскиот амбиент на државата. Е па кога новинарите, како што ќе рече една персона, се мафијаши шпиони и за ќотек, какво ќе биде? Сите плукаат, никој не го брани еснафот, тогаш толку е.
Ден 6
Македонија е вечна! Се редат спотови, 4 по 200.000 евра, 800.000. До сега речиси еден милион евра за спотот Македонија е вечна. Тоа е на спотовите, а во меѓувреме светите места личат на селски панаѓури, партиите ги стартуваа партиските пропагандистички кујни, името, референдумот се крчкаат, а спотот врви ли врва, замисли ... Македонија вечна!
Ден 7
Проблем со изградба на црквата на плоштадот во центарот на Скопје. Владата и го даде, не знам како, плацот на црквата, а се е стокмено и за градба и плацот на Бурмали џамија. Градоначалникот Тодоровиќ најави дека ќе и излезе во пресрет на исламската верска заедница и го менува урбанистичкиот план за центар, е сега приказната се заокружува. Ќе има и црква и џамија, а за архи бригадата која протестираше и беше и нападната, е таа заврши на суд. Беше тоа еднаш во Македонија.


Е Боцевски, Боцевски... Мислеше дека ако отидеш во ВМРО тие ќе те сакаат а? Како демек тие не се како СДСМ да те тераат да им вариш кафе и купуваш бурек... Барем малку да прочиташе од историјата ќе сфатеше дека сите предавници на крај биле убиени. Знаеш како викаат старите: Од кол на кол...
ReplyDeleteda zevee Tito
ReplyDeleteda zivee ama si umre covekot da na broz mislev, pa zar ima i drug!?
bese toa ednas vo makedonija e navistina dooooobra ideja da se zaboravi i da se kazuva kao mnogu los primer za demokratijata vo makedonija
ReplyDeletemnogu jaklo:))
ZOOSTO NEMA REPRIZA ILI VIDEO BA BLOGOV
ReplyDelete